СДCM пpoтив СДCM вo Kyманово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку тројца партиски функционери на СДСМ од Куманово очекуваат да добијат поддршка од матичната партија за претстојните локални избори во градот каде со години СДСМ е единствената партија која победува на овие избори.

Поддршка од партијата, освен актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски кој за време на својот на мандат неколку пати се спротивстави на одредени политики и одлуки на СДСМ и Владата, очекуваат и пратеникот од Куманово и претседател на Општинската организација на СДСМ во Куманово, Мартин Костовски и директорот на ЈП Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, подружница Куманово, Оливер Илиевски, кој е и секретар на општинската организација на СДСМ.

Костовски во телефонски разговор за Фокус потврди дека има амбиции да биде градоначалник на Куманово, односно дека ќе поднесе кандидатура и ќе учествува во партиската процедура за избор на кандидат за градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ. Сепак ја објаснува процедурата и вели дека во август би требало да се знае кој кандидат ќе го поддржи партијата.

-Доколку граѓаните на Куманово мислат дека Мартин Костовски е најдобро решение за новиот татко на градот , јас со гордост и голема обврска ќе го прифатам предизвикот да бидам новиот градоначалник на Куманово, објави Костовски на својот Фејсбук профил.

Костовски во Куманово важи за близок човек на поранешниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски-Циц, но и сега напредува во партиските структури. Според неговата биографија, од 2008 година работел како асистент за односи со јавност во Општина Куманово, потоа до 2011 како помлад соработник за поддршка на меѓународна промоција на општината, а до 2014 година работел и како раководител на одделението за меѓународна соработка на општината и на одделението за инспекциски надзор во урбанистичко-градежна и комунална дејност, животна средина и угостителско-туристичка дејност. Всушност Костовски работел во општината додека ја водеше Циц, а потоа беше и директор на Службен весник.

Амбиции за градоначалничкото место има и Илиевски кој за Фокус потврди дека планира да поднесе кандидатура со програма до матичната партија СДСМ. Илиевски наводно ја имал поддршката од актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој е од Куманово и чија нетрпеливост со Димитриевски провејува низ медиумите од почетокот на неговиот мандат. Сепак тој не ги коментира ваквите шпекулации.

-Јас прво сакам и ја обезбедив поддршката од членството и граѓаните, вели Илиевски.

Димитриевски пак кон крајот на март во изјава за Фокус рече дека е убеден дека ќе ја добие партиската поддршка на следните локални избори и сега вели дека останува на овој став.

-Јас на претходните избори излегов со програма со проекти со рокови за реализација во 2,4 и 8 години. Член сум на СДСМ од 1995 година и очекувам поддршка од матичната партија – изјави во март за Фокус, Димитриевски.

Тој не ги коментира шпекулациите дека партијата ќе избере друг кандидат за градоначалник. -Не коментирам шпекулации, обратете се кај партискиот портпарол, ни изјави Димитриевски, но не коментира ниту дали ако неговата партија одлучи да не го кандидира токму него за градоначалник, тој ќе настапи како независен кандидат.

Извор: Фокус

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This