Себастијан Курц ce вakциниpaшe co „AcтpaЗeнeкa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрискиот канцелар Себастијан Курц се вакцинираше против коронавирус со препарат од британско-шведската компанија Астра Зенека, јави АПА.

Курц беше вакциниран синоќа, по што го повика населението да учествува во доброволна масовна вакцинација со цел побрзо враќање кон вообичаениот начин на живот.

Вакцинацијата против коронавирус во Австрија започна во декември 2020 година. Таму се користат вакцини од Фајзер/Бионтек, Модерна и Астра Зенека.

Првично, со вакцинацијата во Австрија главно беа опфатени луѓето постари од 80 години. Во април, луѓето над 65 години започнаа да се вакцинираат. Во мај – оние од 55 до 65 години. Во летото, вакцинацијата стана достапна за помладите луѓе. Целта на австриските власти е две третини од оние кои сакаат – да се вакцинираат со најмалку една доза на вакцина до крајот на јуни – почетокот на јули 2021 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This