СЕВЕРНА Е САМО ПОЧЕТОКОТ: Следува ревизија на историјата, ребрендинг на производите се до целосна промена на македонскиот идентитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гласањето на уставните измени не значат крај и на имплементацијата на Договорот од Нивици. Допрва ќе следат и дополнителните обврски на кои македонската Влада се согласи во Спогодбата. За три години мешовита комисија на историчари ќе ја чешла македонската историја и ќе се бришат цели периоди во која соседите гледаат иредентизам во нашите учебници, мапи, државни документи и материјали.  Неизвесно е дали ќе останат и стиховите од македонската химна или ќе ги снема за Грција да не препознае иредентизам во користењето на терминот Македонија.

Промена на името на државата нужно ќе ја наметне и потребата од ребрендирање на македонските производи наменети за извоз. Ова го потврди и министерот за земјоделие – прашањето за ребрендирањето на македонските производи ќе ја опфати целата економија.

Ќе следува и целосен ремонт на правниот систем. Сите закони и подзаконски акти ќе подлежат на промена, бидејќи согласно договореното, треба секаде да биде запишано новото име на државата – Северна Македонија.

Во меѓувреме опозицијата постојано алармира дека менувањето на Уставот го брише македонскиот народ и води до создавање на нова држава, а Спогодбата воопшто не ниту објавена во Службен Весник.

Власта пак уверува експресната комисиска расправа била доволна за дискусија за промена уставното име и бришење на конститутивните документи за македонската државност.

За 1 декември е закажана и седницата на која народните избраници треба да гласаат по устаните амандмани, за кои зелено светло дадоа и собраниските комисии. По гласањето треба да се поминат уште два собраниски филтри, а потоа топката се префрла во Грција, па Ципрас ќе мора да го обезбеди потребното мнозинство за Договорот биде ратификуван и во грчкиот парламент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This