Северна Кореја му се зakaни на Советот за бeзбедност поради kритиките за нејзината рakeтна програма

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на вонредниот затворен состанок на Советот за безбедност во петокот Франција испратила нацрт-изјава во која изразува загриженост поради лансирањето ракети од Северна Кореја и повикала на целосна имплементација на резолуциите за забрана на лансирањето балистички ракети.

Денеска Џо Су, висок функционер во министерството за надворешни работи на Северна Кореја, предупреди дека Советот на ОН „треба да размисли какви последици ќе има ова во иднина во случај на обид да се наруши суверенитетот на Северна Кореја“.

Тој го обвини Советот за безбедност за двојни стандарди, бидејќи истото не се применува кон сличните тестови на оружје од САД и нивните сојузници.

По шестмесечна пауза, Северна Кореја во септември продолжи со тестирање ракети, лансирајќи новоразвиени крстосувачки ракети со голем дострел, кои можеби можат да носат нуклеарни боеви глави, со што Јужна Кореја и Јапонија, клучни сојузници на САД, се најдоа на дострел на ракетите.

Северна Кореја изрази спремност да води разговори со соседна Јужна Кореја, што се толкува како обид за притисок врз Сеул да го убеди Вашингтон да ги укине економските санкции кон Пјонгјанг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This