СЕГА Е МИНИСТЕР ЗА ДОМАШНИ ИНВЕСТИЦИИ: Џемаили во 2001 со нooж се иживyвaшe на градежни работници стана министер за домашни инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија Хисен Џемаили денеска ја презеде функцијата министер без ресор од Зоран Шапуриќ кој беше на должност од јуни 2017 година.

Џемаили беше обвинeeт дека со нooж се иживyвaл врз градежни работници во 2001 година кој подоцна е амнecтиран за хашкиот случај „Мавровски работници“.

На средбата, информират од Кабинетот на Џемаили, се разговараше за инвестициската клима, Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како и за предизвиците на домашната економија.

Моето дејствување како министер задолжен за домашните компании ќе биде во насока на остварување на мисијата на Владата за еднаков третман на домашните и странските компании, како и давање на систематска финансиска помош на компаниите со цел зголемување на домашното производство и новивработувања. Сигурен сум дека со реализирање на економскиот план на Владата ќе се подобри животниот стандард на граѓаните и ќе се придонесе за задржување на работниците на домашниот пазар, истакна министерот Џемаили.

Ќе се заложам, додаде, за стимулирање и поддршка на конкурентноста на домашните бизниси како и нивно меѓусебно вмрежување.

–Со влегувањето на Македонија во НАТО очекувам уште поголем раст и раздвижување на домашната економија, потенцира Џемаили.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This