СЕГА Е ЈАСНО ЗОШТО РАМЧИЛОВИЌ ГО ПРОДАДЕ КУЧАТА: Пратеникот бара начин да ја спречи конфискацијата на трговскиот на Сеад Кочан во Ѓорче Петров!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зеќир Рамчиловиќ очајнички бара начин да ја спречи конфискацијата на трговскиот на Сеад Кочан во Ѓорче, само неколку дена после неговото гласање за уставни измени со цел промена на Уставот. Според информациите до кои дојде „Инфомакс“ уште првиот ден по гласањето за отворање на Уставот пренесе дека Рамчиловиќ гласаше за уставните измени со цел да се избори за кратење на затворската казна на Сеад Кочан и да се избори за другите негови бизнис интереси.

Зекир Рамчиловиќ е потпретседател на Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија „АВАЗ“ и тој лично тврдеше дека притворот за осудениот бизнисмен Сеад Кочан во предметот „Труст“ на СЈО е притисок врз медиумите и удар за Бошњаците. Токму тој лично беше дел од пратенците од опозицијата кои гласаа за уставните измени во Собранието.

Неколку месеци пред референдумот односно, на 14 септември пратеникот Зеќир Рамчиловиќ до претседателот на Собранието доставил барање за автентично толкување на член од Кривичниот законик кој се однесува на конфискација на имот од правно лице. Тој бара законодавниот дом автентично да го протолкува членот 96-к. Токму тогаш тој на својот Фејсбук кажа дека ќе гласа во Собранието соогласно волјата на граѓаните со што остави простор за да може да гласа за промена на името.

Рамчиловиќ бара автентично толкување на Собранието дали имотот во јавно-приватно партнерство, наведен во лист за предбележување на градба на инвеститор кој е осуден, може да биде конфискуван и дали јавниот партнер во тој однос има право да бара промена на приватниот партнер.

Предлогот на Рамчиловиќ треба да биде разгледан на седница на Законодавно-правната комисија на 1 ноември.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/183095915953017/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This