СЕДАТ И ЈАСМИНА ПОВТОРНО ЗАЕДНО: Една година по Ласкарци се сретнаа спacителот и девојката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На една година откако се случи кобната сообраќајна несреќа и откако момчето беспоштедно и го спаси животот на младата девојка, спасителот и спасената повторно се сретнаа.

Фотографии од средбата објави министерот за здравство, Венко Филипче.

„На денешен ден пред една година се случи страшната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, која сите нас не научи на поголема хуманост и солидарност. Не научи да си помагаме кога е најпотребно и да се грижиме едни за други.

Минатата година, Седат успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Неговата најголема желба била Јасмина да биде жива. Заеднички ја најдовме и бев сведок на емотивниот момент кога таа го запозна човекот што ѝ го спасил животот“, напиша Филипче.

Тој објави и фотографии заедно со младите луѓе.

„Утрово се сретнав со Седат и Јасмина. Таа се заблагодари за целокупната грижа од страна на медицинскиот персонал затоа што е повторно жива. Во вакви тешки моменти се гледа хуманоста и добрината, се гледа пожртвуваноста да се помогне. Тоа се моменти што не потсетуваат дека тука сме да помогнеме еден на друг“, напиша министерот.

Тој вели дека на тој ден, целокупниот здравствен систем бил активиран за 15 минути и здравствените работници направија сѐ за да ги спасат животите на тешко повредените.

„Најдлабока благодарност за сите здравствени работници кои го дадоа својот максимум за да ги спасат човечките животи на нашите сограѓани, пријатели, роднини. Најголема благодарност за професионалноста и медицинската стручност. Никогаш повеќе да не ни се случи ваква трагедија“, посакува Филипче.

Во кобната сообраќајка загинаа 16 луѓе, а голем број беа повредени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This