СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДHOCT: Тема состојбата со епидемиjaта на кopонавиpyс во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде одржана седница на Советот за безбедност на Република Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, на седницата ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за финансии, Нина Ангеловска.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на Фејсбук страницата на претседателот и на ЈуТјуб каналот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This