Седумгодишно момче од Њујорк oбвинeто за cилyвање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седумгодишно момче од државата Њујорк е обвинето за силување што се случило во ноември минатата година, пренесуваат светските медиуми.

Момчето било уапсено под обвинение дека силувал едно лице на Денот на благодарноста.

Адвокатите, пак, тврдат дека е физички невозможно толку мало дете да изврши такво кривично дело.

„Физички е невозможно. Инстинктивно, тоа не треба да му се случи на седумгодишно дете, бидејќи мислам дека навистина не можете да разберете што правите на седумгодишна возраст“, рече адвокатот Ентони Мартон.

Адвокатот истакна дека Обвинителството треба да докаже дека детето сторило кривично дело, за кое тој смета дека е малку веројатно.

Момчето наводно ќе биде изведено пред судот за малолетници, а полицијата објави дека истрагата е во тек.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This