Седум илјади луѓе можат да останат без работа поради „кaпpиц“ на Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека ние си правиме мемиња и се исмеваме со новата цена на пластичните кеси од 15 денари, има луѓе кои од денес не знаат како ќе ги прехранат своите семејства и остануваат без работа.

Во време на „блескави“ реформи во економијата, „силна поддршка“ од Владата за стопанството за време на економската криза предизвикана од пандемијата, криза во која вртоглаво растат цени на продукти и услуги за основна егзистенција, ние „слепо“ ќе спроведуваме некоја си европска регулатива.

Ова „слепо“, но оправдано добро за нашата ни државичка и економија ќе зададе сериозен удар на компаниите од оваа бранша, кои патем вработуваат околу 5000 лица, а дополнително анимираат компании со својата соработка кои вработуваат уште 2400 лица.

Значи ние во време на пандемија, криза, немаштија и ужасен менаџмент на власта, директно или индиректно се исмеваме со 7500 наши сограѓани кои ке ги изгубат своите работни места, затоа што биоразградливи, „скапи кеси“ ни се приоритет во нашите европски интеграции.

Не немаме ние власт која работи во интерес на своите граѓани, ние имаме власт која распаѓањето на македонското стопанство и економија, губењето и укинувањето на работни места го претставува како успех на патот кон Европската унија.

И да, стапувањето на сила на овој закон можеше и требаше да се пролонгира или одложи барем една година, со тоа ќе им се дадеше можност на компаниите да се реорганизираат, а и нема да угинеме ако користиме пластични кеси уште една година од по еден денар, пушува на Фејсбук портпаролот на ГРОМ и советник во Град Скопје, Александар Трајановски.

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за парче.

Новините произлегуваат од новиот Закон за управување со пакување и отпад.

Како што неодамна најавија од Владата, целта на овој Закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This