СЕКОЈА ГОДИНА ИСТА ПРИКАЗНА: Дeпoнијaтa во Делчево гopи веќе втора недела-Ситуацијата со дeпoниитe aкyтнa во континуитет во брегалничкиот регион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Револтирани делчевчани остро реагираат за отровните гасови кои што ги емитува делчевската депонија во амбиенталниот воздух веќе подолг временски период. Ваквата недозволива ситуација се случува пред очите на сите граѓани на Делчево и нема информации во јавноста дека надлежните превземаат било што за нејзино сузбивање. И покрај периодичните врнежи на дожд во Делчево во изминатите денови градската депонија која се наоѓа во непосредна близина на градот, не престанува да чади.

Проблемот е дотолку поголем што локацијата на депонијата е на повисок терен од поголемиот дел од градот Делчево а благите ветрови кои струјат по брегалничката долина, чадот од согорувањето го носат точно над домовите на делчевчани. Први на удар на отровните гасови од депонијата се жителите на селото Полето, селото Габрово и населбата Милково Брдо во Делчево.

Решението на проблемите со состојбата со градската депонија во Делчево е обемен проектен зафат кој што започна поинтензивно да се разговара и планира уште во 2014 година, но до ден денес активностите се сведени само на тоа.

Пред 2014 година процесот стагнираше повеќе од 7 години по што поамбициозно започна имплементацијата на проектот „Подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратегиска оцена на животната средина за Источен и Североисточен плански регион” кој што беше финансиран од страна на ИПА Инструментот на Европска Унија, а е имплементиран од страна на консултантската куќа ENVIROPLAN S.A. од Грција и нејзините конзорциумски партнери C&E Consulting und Engineering GmbH – BT Engineering Ltd. Договорни органи се Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ.

Европската Унија финансираше 1,14 милиони евра за подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратегиска оцена на животната средина за Источниот и Североисточниот плански регион, а од проектот придобивки имаат 17 општини од овие два региони.

Комплексноста на проблемот со справувањето на Делчево но и целиот поширок регион со комуналниот смет бара интегрирано третирање на оваа проблематика на ниво на регион. Најповикан за реализацијата на било какви проекти со оваа проблематика се Центрите за развој на источниот плански (Брегалнички) регион и Центарот за развој на Северо-Источниот плански регион под директни ингеренции на Министерството за животна средина и просторно планирање како и Министерството за локална самоуправа а во соработка со седумнаесетте општини во двата региони. Пролонгирањето на проектот за интегрално третирање на отпадот е од неразбирливи причини и веројатно поради недостиг на политичка волја во државата, но ова е акутен проблем за кој што никој речиси во државава не поттикнува дебата и потреба за негово што побрзо решавање.

Постоењето на засебни градски депонии во секоја од овие општини кои што не се уредени на соодветен начин во овие два региони како и дополнително недефинираниот голем број на дополнителни локални диви депонии низ територијата на овие општини претставува своевидна рак- рана за граѓаните на овој дел од државата.

Ова е особено важно да се истакне со оглед на најновите закани од страна на новите и досега непознати вирусни инфекции (како што е Ковит-19) кои што радикално влијаат со несакан ефект кај луѓето со намалени имунитетни состојби на организмот поврзани пред се со респираторните функции на организмот.

Токму депониите низ Брегалничкиот и Северо-Источниот регион се жаришта и извор на влијание кое што делува врз имунитетот на граѓаните а тековниот третман на надлежните власти од позиција на немоќ за справување со проблемот ги остава граѓаните на цедило во оваа секојдневна битка за поздрава животна средина и право на здрав живот.

Состојбата со справувањето со отпад не е ништо подобра ниту во останатите плански региони во Македонија за што сведочат поголем број на новинарски прилози и граѓански реакции во јавноста, но очигледно во државата има поважни проблеми за решавање со години наназад наспроти овој проблем на трупање на ѓубре кое што негативно влијае врз животот на сите нас како граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This