СЕКОЈА ЧЕСТ: Малата Калина ја скрати косата и ја донира за деца заболени од pak

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Kaлина Стојаноска е девојче од Прилеп кое со нејзиниот голем и хуман потег покажа дека детското срце е најчисто и секогаш исполнето со голема љубов, пренесува Маркукуле.


Малата Калина е поголема од секој возрасен човек и е вистински светол пример дека во ова општество на поделби, сеуште има верба и добрина која треба сите да ја следиме.

Калина решила да ја скрати нејзината коса и да ја донира до холандската организација “Haarwensen”, која изработува перики за деца болни од pak.

Со поддршка од семејството за големиот хуман гест, Калина ја скратила косата и ја сплетила во плетенка, а сега истата патува до Холандија.

“Тато мојата ќе порасни, ама на некое девојче ќе му треба периката за да може да не се чуствува различно од другите”, му рекла Калина на нејзиниот татко Горан.

Оваа сторија полна со огромна љубов ги стопли нашите срца, а веруваме дека истото ќе го стори и кај вас. Споделете го овој хуман гест на Калина и подучете ги вашите најмали секогаш да ги води чувството на солидарност и да им помагаат на оние кои се немоќни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This