„Секој ден е нов пиk, вчерашната бројка од 641 3аб олени е вина на Комисијата, која треба да се замени со нова Специјална komисијата од експepти“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта и Комисијата за заштита од заразни болести немаат никаков кредибилитет и не можат да се справат со корона кризата. Секој четврти тестиран во Македонија е болен од КОВИД, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчерашната бројка од 641 новозаболени е доказ дека ништо од тоа што власта направи нема ефект. Секок ден е нов пик. Комисијата за заштита од заразни болести потфрли и од првично најавуваните 2.000 заболени за цела пандемија, сега имаме 2.000 за само една недела. Власта предлага несуштински мерки за борба против пандемијата, уште од самиот старт во март пристапот е погрешен и политикантски. Комисијата за заштита од заразни болести е главниот виновник за високиот број на заразени и починати. Комисијата наместо стручност демострираше политика, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека токму затоа е потребно формирање на Специјална комисија која ќе биде составена од професионалци, експерти во своите области кои здравјето и интересот на граѓаните ќе ги стават пред лично партиските интереси на партијата на власт.

-СДСМ нема капацитет да биде во функција на граѓаните и овој пат одлучи да партизира се до крај. Потребен е систематски пристап кој ќе резултира за подобрена општа здравствена состојба и силна економија, стои во партиското соопштение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This