СЕЛА И АЛИЈАНСАТА ИЗЛЕГУВААТ ОД ВЛАДАТА: Замениците министри и директорите си поднесоа оставки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Замениците министри од редовите на Алијанса на Албанците си поднесоа оставки, објави Телма.

Информацијата дека заменик министерот за надворешни работи, Арта Точи и заменик министерот за транспорт и врски, Ремзи Мемети си поднесоа оставки, за потврдил за Телма, лидерот на Алијансата, Зијадин Села, кој додал дека тие денеска или најдоцна утре ќе ги достават до Влада оставките во писмена форма.

– Излегуваме од Владата бидејќи се наруши договорот што го имавме со Заев. Очигледно е дека ова се прави под притисок на Али Ахмети, кој што го воспоставува истиот принциоп на владеење и коалицирање како што беше и случајот кога беше премиер Никола Груевски – вели Села за Телма.

Друга причина, според Села е и Законот за јазиците, кој сè уште не е донесен, а е ставен е на дневен ред на собраниска седница која ќе се одржи најдоцна на крајот на јануари.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This