April 30, 2024, 11:22 pm

СЕПАК НЕ Е ЗГРЕШЕНА ТРАСАТА: Нема да се менува трасата на автопатот Кичево – Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Автопатот Кичево – Охрид ќе продолжи да се гради по истата траса, а во Октомрви ќе се знае колку дополнителни пари ќе бидат потребни за тој да се заврши.

Со предлог закон што владата го достави до пратениците, ќе се ослободат 205 милиони евра од кредитот на Ексим банка и ќе се користат за изградба и поправка на делови од автопатот, кои или ги немало во проектот или биле погрешно проектирани. Договорено е кинескиот изведувач Синохидро да се откаже од активирање на казнени клаузули поради стопираните работи на автопатот, но да се намали разликата во цените кои се движат и до 56 %, пренесува телевизија Телма.

„Тие разлики, ќе ги намалиме до 10 % значи заштеди од 46 % за дополнителни работи што ќе следат а се предизвикани од плус клучки, нова технологија за тунелот“, вели вицепремиерот Кочо Анѓушев.

За изградба на тунелот, Синохидро побарал дополнителни 152 милиони евра, но се очекува сумата да се намали за 30-тина милиони евра со што вкупните заштеди би достигнале 80 милиони евра. Изградбата на автопатот беше во застој речиси една година поради погрешна проектна документација, несоодветни геомеханички испитувања, нерешена експропријација и траса што минува над резорвоарот со вода за Кичево

„Патот без овие измени беше невозможен, тунелот не можеше да се пробие, имаше слабости во косините и затоа се дополнителните трошоци“, вели универзитетскиот професор Јосиф Јосифовски.

Третиот анекс планиран за следниот месец до денарче како што вели владата ќе ги објасни ставките како ќе се трошат парите. Автопатот почна да се гради во 2014 и требаше да чини 400 милиони евра. Новите рокови се дека ќе биде готов во 2021 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This