Сериозни индиции за корупција во јавни набавки за борба против Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Центарот за граѓански комуникации предупредува на можноста од корупција при итните јавни набавки на средства за битка против Ковид19 од страна на македонските државни институции.

Причината за сомнежи за корупција е фактот што институции споведувале набавки со директни преговори без јавен оглас согласно членот 55 став (1) г од Законот за јавните набавки.

Сомнежите за корупција се уште поголеми ако се види дека институциите плаќале од 66 до 448 денари за маска, а за скафандер и до 1.788 денари.

Вкупно 6,7 милиони евра чинат договорите за итни јавни набавки на државните институциите за заштита од коронавирусот склучени во првите шест месеци од кризата. За 68 отсто од склучените договори институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето. Дури една третина тендерите ги распишало Министерството за внатрешни работи.

Ова го констатира Центарот за граѓански комуникации во својот извештај од мониторингот на јавните набавки поврзани со ковид-19 во првите шест месеци од кризата.

Според наодите на Центарот, 97 државни институции имале итни јавни набавки при што потпишале 447 договори кои тежеле 6,7 милиони евра..

Дури 2,2 милиони евра чинеле 13 јавни набавки на Министерство за внатрешни работи кое е на врвот по износот на склучените договори.

Институција

Број на договори

Вкупна вредност во евра

1

Министерство за внатрешни работи

13

2.167.253

2

Министерство за здравство

22

733.020

3

Универзитетска клиника за трауматологија

48

699.914

4

Градска општа болница „8 Септември“ Скопје

35

429.172

5

Македонската академија на науките и уметностите -МАНУ

24

259.127

Договори за набавки со државните институции потпишале 186 компании, но 43 отсто од вредноста на сите тендери добиле пет фирми.

„Гифти текс“ за два договора добила 1,1 милион евра, додека „Алкалоид“ за 18 договори добила 299.862 евра.

Фирма

Број на договори

Вкупна вредност во евра

1

ГИФТИ ТЕКС увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп

2

1.138.192

2

БИОТЕК ДОО експорт-импорт Скопје

3

672.922

3

Соникс Анастасија ДООЕЛ Скопје

9

485.157

4

АЛКАЛОИД АД Скопје

18

299.862

5

ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ Кавадарци

2

299.447

Анализата покажува дека секој трет склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот се преговарало само со еден понудувач, а дел од договорите не содржат прецизен опис на производите што се набавуваат, што остава простор за злоупотреби при реализација на договорите.

Според извештајот на ЦГК постојат значајни разлики во цените на набавените маски, скафандери и ракавици.

Кај маските, освен големите разлики во цените во зависност од видот на маската, големи разлики има и кај цените на маските од ист вид. Институциите купувале 16 различни видови маски. Најскапо платена е маска од видот „FFP2“ – 448 денари по парче, а најголеми разлики во цените за еден ист вид маски имало кај „респираторните маски N95“, коишто се движат од 66 до 313 денари за маска.

Кај „заштитните скафандери за еднократна употреба“, цените се движат од 177 денари до 1.156 денари по скафандер. Инаку, низ набавките, забележани се седум различни описи на набавените скафандери, од коишто најскапиот е по цена од 1.788 денари – опишан како медицински заштитен скафандер.

И кај ракавиците има пет различни видови, чии цени се движат од 1,8 денари до 9,32 денари за една ракавица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This