СЕ УШТЕ НЕМА МНОЗИНСТВО ЗА СЕВЕРНА: Беса не се откажува од бришењето на зборот македонско од државјанството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договор за обезбедување 2/3 мнозинство за уставните измени се уште нема информираат од крилото на Беса на Касами. Преговорите запнаа кај амандманот на Беса кои бараат да се избрише зборот македонско државјанство и да стои државјани на Северна Македонија. Работните групи на Владата и претставници на Беса се во  постојан контакт и незивесно е каков епилог ќе има до почетокот на пленарната седница. Од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ брифираат дека доколку се направат какви било остапки во делот на државјанството тогаш тие нема да дадат подршка на амандманите затоа што токму тоа се смета како придобивка на нашата држава при склучувањето на Договорот од Преспа. ВМРО ДПМНЕ најави дека нема да учествува во дебатата и присуствува на седницата. Од пред законодавниот дом се обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски кој соопшти дека тие нема да дадат легитимитет за менување на Уставот и дека отпорот е единственото нешто што им останува, пренесува Телма.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This