СЕ ДЕЛАТ СВИРЧИЊА ЗА НА МЕЧКИ КАМЕН: Ќе ечи ,,Никогаш Северна, само Македонија” на Илинден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Иницијативниот одбор за македонската прослава на Мечкин Камен“ ќе организира паралелна прослава на националниот празник Илинден на 2 август и најави дека ќе се делат свирчиња на одбележувањето на „Денот на Републиката“.

„Затоа ве повикуваме да дојдете во што поголем број со знамињата македонски, не со вентилатори. Со себе понесете и труби и разни свирчиња. Инаку свирчиња ќе се поделат и на Мечкин Камен. Не наседнувајте на било какви пpoвокации и зaaплашувања, не ни можат ништо. Да ги пречекаме македонските коњаници на наша прослава. Македонија е на Македонците Никогаш северна , само Македонија Се гледаме на Илинден на Мечкин Камен во 11.00 часот на македонска бина, на македонска прослава. Од иницијативниот одбор”, се вели во соопштението.

Инаку на официјалната манифестација на која почит ќе оддадат домашни и странски политички делегации ќе говори премиерот Зоран Заев. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера од Крушево повика на достоинствено прославување на празникот.

„МВР ги презема сите мерки прославата на Илинден да помине во најдобар ред. Да го прославиме, достоинствено и чесно Илинденското вocтание и да покажеме дека ја почитуваме историјата и ја сакаме сопствената татковина“, порача Спасовски.

Инаку слоганот на владеачката гарнитура пред прославата на националниот празникл гласи „Сите сме деца на Илинден“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This