СЕ Е РОЗЕВО, НАРОДОТ САКА НОВО ИМЕ ЗА ДРЖАВАТА: Банална анкета на агенцијата од Словенија блиска до Заев – ИФИМЕС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мнозинство од граѓаните на Република Македонија ги поддржуваат напорите на премиерот Зоран Заев и Владата во однос на решавањето на спорот со Грција во врска со името.

Шеесет и три отсто од испитаниците во анкетата што ја спроведе Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана изразиле поддршка. Единаесет отсто не даваат поддршка, додека 26 отсто се изјасниле дека немаат став.

Истражувањето на јавното мислење е спроведено во периодот од 19 до 28 февруари на примерок од 998 лица.

Повеќето граѓани ја сметат Грција за пријателска земја. На прашањето дали Република Грција ја сметаат за пријателска држава 41 отсто одговориле потврдно, 33 одговориле со „не“, додека 26 проценти немаат став.

Кој е ИФИМЕС- водечки поддржувач на СДСМ во Словенија

Словенечката истражувачка аналитичка групација ИФИМЕС, важи за водечки поддржувач, односно лобист на партијата СДСМ во Словенија. Дневниот весник „Дневник“ неодамна анализираше дека токму оваа групација е обвинета дека била вмешана во коруптивни скандали со градоначалникот на пристанишниот град Kопар, Борис Поповиќ, инаку близок пријател на Зоран Заев. Обвинувањата за корупција дојдоа во моментот кога ИФИМЕС на Зијад Беќировиќ и Бахтијар Алијаф почна нова кампања во поддршка на СДСМ, пишуваше Дневник.Според обвиненијата објавени во словенечките медиуми, Беќировиќ и ИФИМЕС добиле десетици илјади евра од градот Kопар за фиктивни консултантски договори за кои постои силен сомнеж дека се работи за испумпување пари од сметките на градот Kопар, кои потоа се делат со градоначалникот Поповиќ и се користат за политичките активности на ИФИМЕС.
ИФИМЕС вообичаено излегува во јавноста со анализи што ги објавува во предизборните периоди во Македонија и честопати со шпекулативни анкети со нереални резултати. Заев беше гостин на овој институт во ноември 2015 кога ја даде и изјавата дека нападот врз Kуманово бил дело на исламистички групи, изјава што се косеше со неговите претходни коментари, која потоа ја повлече.

Инаку, Заев и Оливер Спасовски му беа гости на градоначалникот Поповиќ во Kопар. Неодамна, Спасовски беше присутен при отворањето на партискиот предизборен штаб на СДСМ, кој е сместен во просториите на Општината, што отвора прашања дали Заев ја користи соработката Kопар-Струмица како сестрински градови за партиски цели. Поповиќ, пак, кој своите шанси за реизбор ги должи на групите доселеници од Балканот во Kопар, вклучително и од Македонија и Kосово, беше во Струмица за отворањето на контроверзниот трговски центар „Глобал“ за кој Заев беше обвинет за корупција и аболиран од тогашниот претседател Црвенковски. Врската меѓу градоначалниците Заев и Поповиќ е контроверзниот каскадер со македонско потекло Рок Цветков, кој живее во Kопар.

СДСМ традиционално има поддршка од словенечката левица, на која од неодамна ~ припаѓа и Поповиќ. Партијата во претходните изборни циклуси се потпираше на консултантските услуги на пиар-компанијата „Пристоп“, која честопати работи за словенечките социјалисти, добиваше поддршка и од подоцна уапсениот за корупција европратеник Зоран Талер, а сега и од европратеничката Тања Фајон. Преку своите врски со „Пристоп“, СДСМ испумпуваше пари од буџетот, но и од јавните претпријатија, како и од странските компании кои сакале да добиваат зделки во Македонија, последната од нив е неуспешниот обид за влез на „Меркатор“, зделка во која, поради малверзации со земјиштето, беше уапсен и поранешниот разузнавач Слободан Богоевски. Во отсуство на јавниот ангажман на „Пристоп“, чиј ангажман заврши со кривични истраги и голем скандал, ИФИМЕС е сега новата институција во Словенија која е ангажирана за подобрување на имиџот на СДСМ и за одржување врски со словенечките социјалисти, пишуваше Дневник.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This