СЕ ЗАРАЗИЛ НА РАБОТНОТО МЕСТ: Почина фармацевтот Петар Мојсоски од струшкото село Подгорци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фармацевтот Петар Мојсоски од струшкото село Подгорци кој почина од ковид-19 се заразил на работното место, во аптека, соопшти Фармацевтска комора на Македонија. Тој е првиот здравствен работник од Македонија кој почина од коронавирус.

Вчера Министерството за здравство соопшти дека тројца пациенти починаа, 25 се новозболени, а 17 се оздравни од ковид-19 во Макеоднија во изминатото деноноќие. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58г) и пациент од Скопје (47г) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (41г) хоспитализиран на 19 мај.

За жал, извршувајќи ги своите професионални должности, пружајќи здравствена заштита, на своето работно место, во аптека, се зарази од вирусот SARS-CoV-2. Болеста го совлада и ја загуби битката со неа на Инфективната клиника во Скопје.

Петар Мојсоски е првиот здравствен работник кој почина од КОВИД -19. Фармацевтите и фармацевтските техничари кои работат во аптеките се на првата линија во лекувањето на сите пациентите без разлика на нивните заболувања и здравствени состојби. Во состојба на пандемија кога потребата за посета на аптеките е поголема изложеноста на здравствените работници е зголемена, а со тоа и ризикот за заболување, соопштија од Фармацевтската комора на Македонија.

Почитувањето на мерките за заштита се од огромна важност и за намалување на можноста за заболување и на можноста за ширење на болеста.

Се замолуваат пациентите и покрај олабавувањето на мерките, да ги почитуваат и понатаму мерките за заштита при посета на аптека. Препораките се објавени на веб страната на Фармацевта комора www.fk.mk. Потребни се координирани чекори со Министерството за здравство и другите здравствени установи и работници во понатамошниот развој на настаните поврзани со преземање на мерки за заштита и ширење на болеста. Ја истакнуваме потребата од поголема вклученост на Министерството за здравство во донесувањето на понатамошните мерки и препораки за работа на аптеките и здравствените работници кои работат во нив, вели Проф. д-р Бистра Ангеловска, претседателка на Фармацевтската комора.

Голема е тагата, Фармацевтска комора на Македонија загуби почитуван член, фелата драг колега, а пациентите посветен здравствен работник. Упатуваме длабоко сочувство до семејството и до најблиските, додаваат од Комората.

Мојсоски основно образование има завршено во родното место, а средно образование – гимназија во Струга. Своето образование го продолжува на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Стручните знаења како и љубовта кон природата ги користи во интерес на науката и публикацијата. Уште за време на студирањето објавува научни трудови од областа на лековитите растенија и нивната употреба. Во 2005 година ја објавува својата прва книга „Лековити растенија на планината Јабланица“, во 2008 „Природни антибиотици“ и во 2009 „Отровни билки“.

Петар Мојсоски целата своја кариера ја посветува на пациентите работејќи во аптека најдолго во родното Подгорци како и во други места. Најважна грижа му беа пациентите и нивното здравје, велат од Фармацевтска комора на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This