Односите Москва – Токијо се напнати поради поставувањето на американскиот систем за ракетна одбрана
Рускиот премиер Димитриј Медведев го одобори распоредувањето на руските воени авиони на спорниот остров недалеку од Јапонија, убрзувајќи ја милитаризацијата на тоа подрачје во време кога односите помеѓу Москва и Токијо се напнати поради поставувањето на американскиот систем за ракетна одбрана.
Медведев му дал одобрение на рускиот министер за одбрана да го користи цивилниот аеродром на островот Итуруп, како што се нарекува во Русија, или Еторуфу, како што го нарекува Јапонија, за своите авиони.
Островот е еден од четирите кои го завземале советските сили на крајот на Втората светска војна, а се наоѓа североисточно од Хокаидо. Спор околу тие острови, кои во Русија се нарекуваат Курилски, а во Јапонија Северна Територија, е толку чувствителен за Москва и Токијо што сеуште немаат потпишано мировен договор со кој и формално би се потврдил крај на војната.
Одлуката е донесена пред состанокот на заменик министерите за надворешни работи за соработката на спорните острови во време кога Русија е загрижена дека Јапонија и дозволува на САД да ја користи нејзината територија како воена база во северна Азија користејќи го како изговор заканата од Северна Кореја.
Не е јасно дали руските авиони ќе бидат распоредени постојано на островот. Јапонската амбасада во Москва ја оценила оваа руска одлука спротивна на она што Токијо сака да го постигне.
https://www.youtube.com/watch?v=Kl6pgPDccis