April 27, 2024, 11:15 pm

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ: Eпидемиолошкитe анкети ќе покажат колку лица од кумановската бoлницa ќе бидат во caмоизолација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во кумановската болница има 11 потврдени случаи позитивни на коронавирусот. Оваа бројка во овој момент ја компромитира работата на Инфективното одделение, затоа што и претходно имаше дијагностицирани, изјави на прес-конференција во петокот, министерот за здравство Венко Филипче, поради што двајца доктори од Скопје и Штип ќе бидат испратени да ја организираат работата на Инфективното оделение во Куманово.

Бројката на заразен медицински персонал во болницата во Куманово може и да не биде конечен.

-Се уште траат епидемиолошките анкети заради тоа што се работи за повеќе позитивни лица и од Рендген дијагностика и во делот на општите лекари коишто ја покриваат дежурната служба и врз основа на тие епидемиолошки анкети, а согласно тоа колку лица ќе бидат во самоизолација ќе се реорганизира и останатиот дел од болницата, односно другите одделенија, потенцираше министерот Филипче.
Владата на денешната седница ја прифати информацијата на Комисијата за заразни болести која препорача сите вработени во здравствениот систем кои се од Куманово, а работат во други градови во државата, да се стават на располагање на болницата во Куманово.

Ќе се определат инфектолози од другите градови во регионот, Крива Паланка и Кратово, кои ќе бидат повлечени за да работат во Центарот за јавно здравје во Куманово.

Здравствениот персонал што ќе биде ангажиран како дополнителен, ќе работи најмногу 14 дена, а потоа ќе биде заменет со нов тим според систем на ротација.

Куманово по бројот на заразени со новиот вирус се искачи на второто место после Скопје, а пред Дебар. Во изминатите 24 часа во земјава има 46 нови случаи позитивни на корона вирусот, од нив, во Куманово 23.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This