April 26, 2024, 11:53 am

Се излеа Пчиња во близина на Меморијалниот центар АСНОМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реката Пчиња се излеа на просторот околу Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, информираа денеска повеќе надлежни институции, чии екипи се излезени на терен, водостопанство „Кумановско-липковско поле”, РЦУК Куманово и општина Старо Нагоричане.

Вода има на просторот, но не се зафатени ниту објектот на меморијалниот центар, ниту пак ресторанот со кој стопанисува „Чистота и Зеленило”.

– Наши вработени нè информираа дека има излевање на Пчиња на просторот, но водата не е навлезена во меморијалниот центар АСНОМ. Поучени од претходното искуство, подготвени сме имаме обезбедено вреќи со песок и ќе интервенираме доколку има потреба, изјави директорот на НУ Музеј Куманово, Богдан Таневски.

Од РЦУК Куманово и од Водостопанство „Кумановско-липковско поле” велат дека водата не навлегла во ресторанот кој е под надлежноста на „Чистота и Зеленило”.

Градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска изјави дека екипите вршат увид на мостовите по течението на Пчиња во оваа општина.

– Во моментот нивото на Пчиња е високо и правиме увид дали има препречени, дрвја, гранки на одрдени локации и дали ќе има потреба од интервенција, изјави Јовановска.

Екипи на Водостопанство „Кумановско липковско поле” работат на бедем на патот за Бељаковце Куманово. Сепак, оттаму укажуваат дека нивото на Пчиња е критично на мостот кај Драгоманце, кај Коинце, кај Пелинце.

Во кумановско, пак, водостопанство интервенира со механизација кај селото Пчиња. Во неделата се излеаја Крива река и Пчиња на неколку критични точки, зафаќајќи обработливо земјиште, викенд куќи, помошни простории.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This