Тaкcиcтитe вo Македонија лaни пoминaлe 51,4 милиoни килoмeтpи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатата година во Македонија имало речиси 10,5 милиони патници што користеле градски превоз, како и речиси 680 илјади што се возеле со меѓуградски.

Официјалните податоци за превозот на патници за 2020 година, објавени од Државниот Завод за статистика (ДЗС), велат дека лани се превезени 11.083.000 патници од кои 10.404.000 во градскиот превоз, а 679.000 во меѓуградскиот превоз.

Во податоците на ДЗС се наведува дека 1.860 патнички автомобили за превоз на патниците поминале 51.365.000 километри, од кои 45.554.000 километри во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 5.811.000 километри.

Најголем дел од превозот е направен со возила опремени со дизелски агрегати. Така минатата година за превоз на патници се потрошени 3.002 тони дизел, 2.197 тони автогас и 231 тон бензин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This