СЕ КРШАТ СТАКЛЕНИТЕ НОЗЕ НА КОАЛИЦИЈАТА НА ЗАЕВ: Помалите партии со цpвен кapтон за Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На повидок ли е расцепување на коалицијата на Зоран Заев? Најавените предвpeмени избори не само што ја доведуваат во прашање неговата премиерска позиција туку му задаваат дополнителни главоболки и со коалиционите партнери. Партијата на актуелниот министер за локална самоуправа ЛДП, не прифаќа тактизирање до март за избори. Самостојно почнува со трибини со граѓаните, а не исклучуваат и самостоен настап на изборите, пренесува Алфа ТВ.

 

 

Дека коалицијата на власта е на стаклени нозе е најавата на Милевски дека на следната владина коалиција сериозно ќе му забележи на министерот за надворешни Никола Димитров да бара почитување на преспанскиот договор од грчките власти, а не товарот да падне само на македонски грб.

 

Ниту помалите партии кои се дел од коалицијата на СДСМ не ветуваат предизборно коалицирање, тие досега неколку пати ги менуваа партиските бои и преминуваа од десницата кон левицата и обратно во зависност од актуелните околности.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека разговарале со дел од коалициските партнери на СДСМ и дека се отворени за соработка доколку се договорат околу програмите.

 

Иако СДСМ и ДУИ настапија заедно на претседателските, дефинитивно ќе трчаат самостојно на парламентарните избори. Али Ахмети најави дека предизборна коалиција нема да биде од корист за ниту една страна.

По ваквите јасни сигнали дека власта оди климаво на следните избори, Заев се брани со изјави дека рано било за тактизирање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This