СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЉУБЕ ЌЕ ВНИМАВА ВО ИДНИНА: Мијалков не му се извинил, го поздравил од култура – ако некој ја прескокнал таа лекцја тоа е негов личен хендикеп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков за Прес24 вели дека дека со Љубе Бошкоски се поздравиле од култура, а не како знак на извинување.

-Прашање на култура и на бон-тон е поздравување кога ќе поминете покрај некого што го познавате. Доколку некој ги прескокнал овие фази од воспитувањето, тоа е негов личен хендикеп. Не сум му се извинил на Љубе Бошкоски ниту има причина за извинување. Институциите си постапуваа по обвиненијата за криминалот што го имаше сторено и колку што следам, тој процес е затворен со докази. Демохристијанските вредности налагаат да се извини тој што лажел и клеветел заради некаква корист. Во духот на овие вредности јас го прифатив извинувањето што Љубе Бошкоски ми го упати пред повеќе од шест години и се надевам дека во иднина ќе внимава и нема да изнесува лаги во јавноста – вели Мијалков за Прес24.

Инаку во 2011-та година, Бошковски му е извини на Мијалков за тогашните клевети и навреди.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This