СЕ НАЈДЕ НА ГУГЛ: Македонија на најновата туристичка мобилна апликација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Македонија е застапена на апликацијата со популарните туристички атракции во Охрид, Скопје, Битола и во други градови, како и со ресторани и хотели низ државата

фото: МИА

Македонија е една од земјите која со својот туристички производ се најде на најновата мобилна апликација на „Гугл“ – Гугл трипс (Google Trips).
Станува збор за персонализиран водич за патување, кој им овозможува на туристите на полесен начин да го организираат своето патување во еден од 200. топ-градови во светот препорачани од Гугл.

Република Македонија е застапена на апликацијата со популарните туристички атракции на Охрид, Скопје, Битола и други градови, како и со ресторани и хотели низ државата. Предложените локации се категоризирани според однапред определени стандарди на Гугл – „Top Spots”, „Indoors”, „Farhter Away”, „Places A-Z”.

Мобилната апликација им нуди опција на посетителите да си ги испланираат патувањето со зачувување на своите резервации, посета на омилени дестинации, план за денот, препорака за храна, како и опции што помагаат со дополнителни неопходни информации за конкретната земја. Користењето на апликацијата е можно без поврзаност на интернет, а Гугл ова го прави со следење на неколку информации за патувањето на личноста како хотели, резервации во ресторани и слично, а потоа препорачува активности што можат да се прават во близина на местото каде што се наоѓа туристот.

„Гугл“ информира дека приватниот сектор има можност да биде дел од оваа апликација и да ја промовира својата понуда преку означување (мапирање) на својот производ на Гугл мапс (Google Maps).
Како што соопштија од „Гугл“, одлучиле да ја креираат оваа апликација по студија спроведена на Е-маркетер (Агенција за маркетинг-истражување во дигиталниот свет), која најави дека туристите сѐ повеќе користат мобилни телефони за да го испланираат своето патување.
Очекувањето е дека до крајот на годинава 50 отсто од интернет-резервациите ќе бидат вршени преку мобилен телефон, а до 2019 овој процент ќе достигне 70.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This