Се огласи Груби по денешниот нaпaд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот Артан Груби потврди дека ветробранското стакло на службениот автомобил било искшено од страна на револтирана жена, но вели дека не ја знае причината.

Во изјава за А1он вели дека инцидентот се случил кога тој бил на пленарна седница во Собранието.

-Точно е. Возилото е искршено од страна на В.Ј. пред главниот влез на Собранието додека јас бев на пленарна седница за Законот за распределување на административците од К5 програмата. Ниту јас, ниту некој од мојата придружба не е повреден. Не ги знам причините за нападот и очекувам МВР да го разјасни случајот, вели Груби во изјава за А1он.

38-годишната жена со камен го кршела предното стакло на автомобилот, а инцидентот го потврдија од полицијата.

-Денеска околу 12:00 часот пред Собранието од страна на В.Ј. (38) било скршено предното ветробранско стакло од „ПМВ Пасат“ во сопственост на Владата. Од страна на полициски службеници лицето е приведено во ПЦ Центар. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This