Се огласи Трамп по средбата меѓу Путин и Бајден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп не го поддржа американско-рускиот самит, нарекувајќи го „добар ден за Русија“ состанокот на американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин во Женева.

Поранешниот претседател, кој своевремено рече дека му верува повеќе на Путин отколку на американските разузнавачки агенции, за Фокс њуз изјави дека Бајден му подарил на рускиот лидер подарок што му дава главна улога на глобалната сцена

„Не добивме ништо. И дадевме многу простор на Русија и не добивме ништо“, рече Трамп.

„Тоа беше добар ден за Русија“, додаде Трамп. „Не гледам што постигнавме со тоа.

Со Трамп се согласиле и неговите сојузници од Републиканската партија, кои сметаат дека Путин не направил некои поголеми отстапки на состанокот во вилата Ла Гранж во Женева, што траел помалку од пет часа.

Трамп се состана со Путин во Хелсинки во 2018 година, а подоцна одржа заедничка конференција со него на која го бранеше Путин од обвинувањата за вмешаност на претседателските избори во 2016 година.

Покрај тоа, Трамп се оддалечи од долгогодишната политика во САД кога трипати се состана со севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун, а за возврат не доби ништо.

Бајден и Путин вчера се обидоа да одржат позитивен тон на разговорите, нарекувајќи ги конструктивни, иако многу не било договорено.

Претседателите се согласија дека разговорите за контрола на нуклеарното оружје и враќањето на амбасадорите во Вашингтон и Москва треба да продолжат и ветија дека ќе работат на размена на затвореници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This