СЕ ПИШМАНИ СЕГА ГО БЛАГОСЛОВУВА: Димитар Димитров – Не да се исуши, благословена да е раката која го смени името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси две години откако министерот за надворешни работи Никола Димитров го потпиша Преспанскиот договор, неговиот татко, професорот Димитар Димитров одлучи да го прекине молкот на оваа тема со напис за „Дојче веле“.

„Преспанскиот договор, од неговата иницијација до денес – недели до изборите, претставува лакмус за стратегиските позиции на политичките субјекти, но и за елементарното разбирање на историјата и на редот на нештата во современиот свет. Дефицитот од знаење и метод и суфицитот од политичка пристрасност и волунтаризам, прават можно тој договор да се восприема како „национално предавство“. Од друга страна, за објективни и компетентни набљудувачи, договорот претставува ретко досеглив политички и цивилизациски врв.

Овој процеп дополнително се продлабочува со импликациите врз меѓународната положба на Македонија (сега Северна, првично Народна, па Социјалистичка, па домашно РМ, меѓународно безимена). Бидејќи НАТО и ЕУ Преспанскиот договор го споделуваат како највисока европска доблест на моментот и го отворија процесот на евроатлантската интеграција на Македонија, антипреспанците тие два сојуза ги гледаат како деструктори на македонскиот идентитет и на македонската држава. Па заговараат самостојна, самодоволна, суверенистичка позиција. (Човек да ги жали членките на НАТО и на ЕУ – држави протекторати, со изгубен идентитет и суверенитет!)

Антипреспанците кукавички го избегнаа демократското соочување со изјаснување на референдумот за членство во ЕУ и НАТО под условите на Преспанскиот договор. Го бојкотираа и дезавуираа референдумот. И прогласија победа на народот“!- пишува професор Димитар Димитров.

Според него реално предавство е саботирањето на Преспанскиот договор и блокадата на интегративниот процес што тој го овозможи.

„Критиката на Преспанскиот договор од страна на локалното знаење може да смета на успех, ако со својот поглед на светот му конкурира на тој договор на меѓународен план. Но такво нешто е можно, ако тоа се укине како локално знаење. Тоа не може да се очекува од партија чии функционери секој ден се по судови поради криминал и корупција, чиј лидер се фали со „политички волунтаризам“ и употребува термин „какАфонија“. Ниту со историчари кои ни збор не потрошија против антиквизацијата.

Тоа ќе го направи токму Преспанскиот договор, кој, покрај политичката интеграција, ќе посредува и наша интелектуална европска и планетарна интеграција“ вели Димитров

П. С. Како татко на потписникот, до сега не сум се изјаснувал за Преспанскиот договор. Дури ни тогаш кога пратеници на ДПМНЕ и од мене правеле инструмент за напад на договорот, врз основа на мојот протест против Лисабонската декларација и Времената спогодба. Чашата ја прели деновиве „какАфонијата“ на Мицкоски за раздор меѓу синот и мене. Синот му „ја скршил Кичмата на Македонецот“, а јас сум проколнал таков чин!

Оваа инсинуација ме направи должен да го напишам горниот текст.

Да е благословена раката што го потпиша Преспанскиот договор, кој го исправи Р’бетот на Македонецот!- Пишува Димитров за „Дојче веле“

Димитар Димитров поранешен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, амбасадор во Руската федерација, министер за образование и наука во првата експертска влада и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This