СЕ ПЛAШИ ОД СOOЧУВАЊЕ: Заев не прифати дуел на телевизија „Алфа“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес- конференција соопшти дека нема да оди на телевизиски дуел со неговиот противкандидат, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на телевизија „Алфа“.

Тој добил покана за да оди на дуелот за на 12 март, но до денеска не одговорил. Откако новинарот на„ Алфа“ го праша дали ќе ја прифати поканата за дуелот, Заев ги праша членовите на партијата кои се присутни на сите прес- конференции на лидерот. По нeгодувањата на членството, Заев кажа дека го слуша народот и дека нема да учествува на дуелот.

Од новинарите доби забелешка дека поради членовите кои се присутни на прес-конференции, немаат услови за одговори на нивните прашања, Заев порача дека тоа е прашање за неговиот тим за односи за јавност и ја прифати забелешката.

Сепак, потоа рече дека ќе размисли за поканата на телевизијата по информациите објавени во словенечките медиуми дека пари од Унгарија завршиле во неколку македонски медиуми, меѓу кои и телевизија „Алфа“.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This