СЕ ПРАВИ СЕ ЗА ДА СЕ ПРОНАЈДЕ: Со кучиња трагачи се бара исчезнатата Марија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе пет дена семејството на 28-годишната Марија Брзакова од Босилово, струмичко, нема сознанија каде би можела да биде младата жена, која во саботата наутро излегла од својот дом и не се вратила.

Пред два дена во телефонски разговор за „Фокус” нејзината мајка, Валентина апелирала до сите кои што имаат било какви сознанија околу тоа каде би можела да биде Марија, веднаш да се јават во полиција.

Утрото кога излегла од својот дом, таа била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса.

„Таа е мајка и сопруга, никогаш не би ја оставила ќеркичката – вели за „Фокус“ мајката на Марија.

Денеска од СВР Струмица потврдија дека потрагата по Марија се уште трае и се превземаат сите потребни мерки за нејзино пронаоѓање.

„Се пребарува теренот, вклучени се и кучиња трагачи. Повеќе информации не можеме да ви дадеме во моментот, во интерес на истрагата, и покрај големиот јавен интерес за случајот“ – изјавила за „Фокус”, Хризантема Рендевска портпарол на СВР Струмица.

Извор: Фокус

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This