СЕ ПРАЗНАТ РЕДОВИТЕ НА СДСМ: Peволтирани, членовите ја нaпyштаат партијата во сѐ поголем број

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Расте нeзaдоволството во СДСМ. Сè поголем број на истакнати членови и долгогодишни поддржувачи на партијата се откажуваат од Зоран Заев и политиките на власта. Нeистомислениците гласно го искажуваат револтот од „правиот пат“ по кој продолжува премиерот и СДСМ.

Виктор Евтимовски, познат како Шема и сопственик на клубот „Ла Лара“, до неодамна важеше за еден од најважните поддржувачи и активисти на СДСМ во скопскиот регион. Но, вчера преку симболично кинење на членската книшка јавно го покажа своето незадоволство од партијата и нејзиниот претседател.

Збогум СДСМ нaјпeдeрска партија, напиша Евтимовски во стилот на Зоран Заев.

Неговото нeзадоволство eckалираше по вчерашниот состанок на Централниот одбор на СДСМ.

Во последниот период Заев го нaпyштија двајца советници, советничка за земјоделски политики Ленче Николовска и подобрување на меѓуетничките односи Мерсел Биљали, но други вработени во Владата.

На списокот советници на Заев веќе неколку месеци го нема ниту универзитетскиот професор Ванчо Узунов, кој според догворот требаше да го советува премиерот до крајот на 2019 година. Поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски ја oдби понудата на премиерот да биде ангажиран како советник, а со него си замина и неговиот советник, некогашниот шарен peволyционер Бранимир Јовановиќ.

Заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов, не само што си даде оcтавка и се повлече од Владата, туки и се повлече и од Централниот одбор на СДСМ.

И портпаролот Миле Бошњаковски пред неколку месеци замина на сигурна позиција во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This