СЕ ПРИПPEМА ТЕРЕНОТ ЗА ОДЛОЖУBУAЊE НА ИЗБОРИТЕ: Заев спремен да го жpтвyвa датумот за избори во замена за НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се подготвува ли терен за одложување на изборите. Ваков впечаток се создаде од изјавата на премиерот Зоран Заев, кој одоварајќи му на пратеникот Антонио Милошоски за тоа дали е во ред да се поставуваат амбасадори пред избори, му одговори дека „нова влада нема да има ни во април, ни во мај, ни во јуни“.

Ова отвора дилема дали Заев повторно ќе се обиде да ги одложи изборите како што го правеше тоа на двапати додека беше лидер на опозицијата, или пак е убеден дека ќе ги добие изборите и ќе остане на власт.

Во политичките кругови се шпекулира дека овојпат причина за одложување на изборите ќе биде протоколот за членство во НАТО, кој треба да биде ратификуван и од нашиот Парламент откако ќе помине во сите земји-членки на Алијансата.

Претседателот Џафери веќе најави дека Собранието ќе се распушти на 11 февруари, на 60 дена пред изборите кои треба да се одржат на 12 април.

Џафери е дециден дека откако Собранието ќе се распушти, нема законска можност повторно да го свика па дури и за ратификација на таков важен документ и оти тоа ќе биде оставено за следниот парламентарен состав.

Доколку сѐ оди по планот што го договорија партиите на лидерската средба, техничката влада и повлекувањето на Заев треба да се случи на 3 јануари.

Премиерот Зоран Заев смета дека 12 април како датум за одржување на предвремените парламентарни избори треба да се задржи, но, како што вели, се остава можност за какви било промени, пред се заради ратификацијата на Протоколот за прием на С Македонија во НАТО.

-Треба да се држиме до одлуките, барем до оние кои како политичките чинители ги донесовме со консензус и 12 април треба да го задржиме. Секако, секој пат одговорноста на државата е пред се и над се. Оставаме можност да се случат било какви промени, пред се заради НАТО ратификацијата, изјави премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање по увидот во отпочнувањето на градежните работи на патот од село Бутел до село Љуботен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This