СЕ ПРОДАВА БРОНЗЕН МЕДАЛ НА ХРВАТСКА ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФРАНЦИЈА 98: Еден од триесетте медали се најде на јавна аукција, продавачот анонимен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На интернет се продава бронзениот медал, кој го освои репрезентацијата на Хрватска на Светското првенство во Франција 1998 година, а не е познато кој ја продава.

„Светсји првенство во Франција. Официјален медал за трето место кое го освои Хрватска. Бронзениот медал е на оригинална врвка. Произведувач – Бертони. Само 30 вакви копии има од медалот“, пишува на интернет страницата.

Автентичноста на понудениот медал го гарантира аукциската куќа, а неговата почетна цена е 7.500 евра. Аукцијата ќе се одржи на седми и осми декември, а ќе му припадне на тој кој ќе плати најмногу.

Хрватската јавност остана во шок кога го виде овој оглас, а сите се прашуваат кој решил да си го продаде медалот.

извор: Спорт1

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This