СЕ ПРОШИРУВА СПИСОКОТ: Голем број на партиски послушници на СДСМ на 12-ти декември ќе добијат „шут“ карта од МВР!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По паниката која се крена во опозициската јавност откако вчера објавивме само мал дел од списокот кој како што дознаваме од извори во МВР веќе бил подготвен, а се однесува на лица вработени по партиски клуч како послушници на генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, денес истиот ќе го прошириме за уште неколку имиња

proliver_resenie

Имено, се работи за лица кои ја прекршиле заклетвата и сите етички, морални и професионални норми при извршувањето на својата работа како одговорни лица за безбедноста на граѓаните на државата, за сметка на партискиот клиентелизам кон СДСМ и тоа по наредба на Оливер Спасовски.

Овие лица спротивно на законот за внатрешни работи и законот за полиција, партиските послушници на СДСМ почнале со активно агитирање и спроведување на партиски активности, како и присуство на партиски собиранки органирани од СДСМ, што според експертите е доволна причина по 12-ти декември да им се каже збогум, а претпоставените да им се заблагодарат за сработеното и да им врачат отказни решенија.

lukarovski_prilep_mvr

На погорната фотографија може да се забележи инспекторот при П.С. Прилеп Оливер Лукароски кој министерот Спасовски го унапреди во негов советник. Истиот во градот важи за жесток партиски поддржувач на СДСМ, а често може да се види и на партиските манифестации, но и како агитатор на партијата која надвор од пропишаните норми го унапредила неколку скалила.

velkovski_sdsm_mvr

Зоран Велковски, новоназначен командир за сообраќај во П.С. Прилеп, место на кое дојде по доаѓањето на техничкиот министер Спасовски. Истиот, како и претходните редовно е присутен на партиските манифестации.

tomce_krusevo_mvr_sdsm

Томче Христоски вработен во П.С. Крушево, исто така партиски агитатор на СДСМ и редовен декор на партиските манифестации на СДСМ.

Како и овие двајца погоре споменати, и останатите кои се наоѓаат во првите два реда во салата за време на партиската манифестација на СДСМ се врабтоени во МВР и за сите постојат докази дека ја прекршиле својата професионална должност и обврска, со што самите, или на барање на Спасовски се ставиле во незавидна ситуација и пред отказно решение, кое како што дознаваме ќе им биде доставено на 12-ти декември.

На тој начин, според експертите ќе се отворат нови места за млади и перспективни кадри, кои својата професионалност ќе ја базираат врз успешноста на работните задачи, а не врз основа на партиската послушност.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This