April 28, 2024, 12:01 pm

СЕ РАЗГОВАРАЛО ЗА ЕВРОПСКАТА ИДНИНА НА МАКЕДОНИЈА: Средба на претседателот Пендаровски со европратеникот Манфред Вебер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими Манфред Вебер, претседавач со парламентарната група на Европската народна партија во Европскиот парламент, кој заедно со делегација европратеници престојува во посета на Република С Македонија.

На средбата беа разменети мислења за европските аспирации на Македонија, при што претседателот Пендаровски нагласи дека полноправното членство во Европската унија останува стратешка цел на земјава, за што постои широк национален консензус и висока поддршка кај граѓаните.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека во очекување на одлука за почеток на пристапните преговори за членство, државата останува посветена на спроведувањето на реформската агенда.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката од парламентарната група на Европската народна партија за интеграцијата на Македонија во Европската унија, реафирмирана со последната усвоена резолуција во Европскиот Парламент за почеток на пристапните преговори со Македонија и со Албанија, како и за ставот на европратеникот Вебер дека Западниот Балкан е дел од Европа и има историска и стратешка важност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This