СЕ РАСПАЃА ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО: Власта со закана до Ферид Мухиќ да го отстапи пратеничкото место ако не планира да гласа за уставни измени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во најавата на емисијата 360 степени на Алсат М, министерот Димитров беше запрашан дали власта успеала да го врати Мухиќ во таборот кој ќе гласа за уставните промени, на што Димитров одговара дека тој што не верува во Преспанскиот договор треба да се повлече од пратеничката функција со што потврди дека на власта не и се потребни 8 пратеници од опозицијата туку вкупно 9 затоа што најверојатно професорот Мухиќ нема да гласа за уставни измени.

„Прашањето е преголемо и мислам дека е чесно ако не верувате да се тргнете„ изјавува Димитров во интервјуто што ќе биде емитувано вечерва.

Мухиќ предходно во неколку наврати изјави дека договорот за името со Грција е штетен и навредлив за Македонија и гласаше против а слично постапи и за договорот со Бугарија за кој што беше воздржан во Собранието.

360 СТЕПЕНИ

Вечерва (12.10.2018 г.) од 22:00 часот во „360 Степени“ на ТВ Алсат – интервју со шефот на дипломатијата Никола Димитров:-дали власта има обезбедено двотретинско мнозинство во Собранието за спроведување на Договорот од Преспа;-дали брзи избори не се побезбедна опција за власта зашто и да има мнозинство за првото гласање, прашање е како тоа ќе се одржи по три месеци за финалното гласање;-дали Владата во Скопје била информирана за пресретнатите комуникациии на рускиот бизнисмен Савидис (близок до Путин), кој живее и работи во Грција, со кои се докажува дека бил вклучен во потплаќање заради поттикнување протести против решение за името („Њујорк Тајмс“);-како ја разбира одлуката на Цариградската патријаршија да почне постапка за давање автокефалност на Украинската православна црква во контекст на Договорот од Преспа;-дали со истрагата на СЈО за Бујар Османи, главниот политички преговарач со ЕУ, не е доведен во прашање кредибилитетот на евроинтеграцискиот процес;-„Саботажа“’.

Posted by 360 stepeni on Friday, October 12, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This