СЕ СКАРАА ЗА ПАРИТЕ: Општините бараат дел од данокот што казината ѝ го плаќаат на државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од средствата кои државата ги добива од казино бизнисите на име на данок да добиваат и општините, предлага градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков, објави медиапрес.мк.

Според него во моментов 20% од приходот на казината по основ на данок се влеваат во државниот буџет, а општините на чија територија тие eгзистираат не добиваат ништо. Ваквото барање му го соопшти и на министерот за локална самоуправа Горан Милевски кој имаше средба со градоначалниците од Југоистокот на државата.

Министерот за локална самоуправа најави дека овој како и сите други предлози кои доаѓаат од локалните самоуправи се разгледуваат, а зголемувањето на средствата кои општините ги добиваат ќе одело паралелно со зголемувањето на ингеренциите на општините.

Поддршка на измените на законот за локална самоуправа ќе очекуваат и од опозицијата со цел да се добие заедничко решение кое ќе биде во интерес на сите граѓани. Милевски потенцираше дека интенциите на владата се општините да добијат поголеми ингеренции. Кој ќе биде опфатот ќе се знае за околу месец и половина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This