СЕ СПРЕМА ЛИ ИЗБОРЕН ФАЛСИФИКАТ: Крушевчани на избирачкиот список масовно пронаоѓаат соседи ,,фантоми”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До редакцијата на Инфомакс пристигна информација поврзана со избирачкиот список кој очигледно на некого му одговара да не е прочистен. Се работи за општина Крушево, поточно улицата ,,Нико Доага” број 35 каде живеат повеќе од 20-тина ,,фантоми” од кои според жителите на Крушево ниту еден не живее во градот. Граѓаните на Крушево ни велат ,, Крушево е мал град, сите се знаеме, овие луѓе не живеат таму”. Имајќи ја во предвид ова информација се отвора прашањето на кого му одговара непрочистен избирачки список и изборен фалсификат на престојните претседателски избори и многу веројатни предвремени парламентарни избори.

Загрижен граѓанин се обрати до нашата редакција објаснувајќи дека барајќи по официјалната страна на МВР се нашол на страницата каде се објавени меѓународните потерници за осуденици, токму таму тој забележал ,,сосед” кој никогаш не го видел, човек кој никогаш не живеел во Круешево, а камо ли на неговата улица. Имено се работи за Мамудоски Бајрам кој се бара за издржување на казна затвор од 12 години и 6 месеци, а наводно живеел на ул: „Нико Доага“ број 35 Крушево.

-Мамудоски Бајрам од м.Перјан роден 03.06.1978 година во Прилеп, со место на живеење на ул: „Нико Доага“ број 35 Крушево, се бара со наредба КУИКП бр.88/16 издадена од Основен суд Битола за сторено К.Д. по член „394“ член „143“ и чл.„279“ од КЗ на РМ за издржување казна затвор од 12 години и 6 месеци.

Граѓанинот заинтригиран од своето откритие се одлучил да го провери избирачкиот список, кога за да изненадувањето биде поголемо на една улица успеал да детектира дури 20-тина фантоми кои никогаш не живееле во Крушево. Дали на повидок е уште еден изборен фалсификат спроведен од СДСМ, со оглед на историјата која оваа партија ја има со спроведување на избори од кој и да е вид.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This