СЕ СПРЕМА ЛИ ФАЛСИФИКАТ НА ПОПИСОТ: Малцинството врши политички притисоци за попис во нивна корист

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанското население е свесно за бенефитите што ги добива со Рамковниот договор и нивната процентуална застапеност во државата. На пример со малцинската квота за вработување. Затоа и инсистираат на овие бенефити и вршат политички притисоци пописот да се направи физички и по нивна мерка.

 

Изјавата на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, според добро упатените во проблематиката со пописот во државата, влева лажна надеж дека следниот попис во Македонија би бил регуларен и без обиди за фалсификати и притисоци.

Физички попис во државата тешко може да се спроведе бидејќи ќе се повтори 2011 година, кога претседателката на Државната пописна комисија, Весна Јаневска, си поднесе оставка. Во изјавата за медиумите, таа тогаш изјави дека се работи за недоразбирање, бидејќи Албанците и Турците настојувале да им се овозможи да се попишуваат со фотокопирани документи, да се попишат оние кои не се во државава повеќе од 12 месеци и да се мешаат во составувањето на попишувачките комисии.

И во 2002-ра имаше слични проблеми, СДСМ си тераше по свое. Тогаш претседателот на Државната пописна комисија, Зоран Крстевски, се сомневаше во регуларноста на операцијата. Тој не доби поддршка од СДСМ, која во тој период беше на власт и поднесе оставка. Бројот на етнички Албанци тогаш нагло порасна на 25 проценти. И двата пописа беа спротивни на Законот и препораките на ЕУРОСТАТ.

Поради ова, во Македонија не може да има попис без политичка конотација. Тоа е така, бидејќи од Уставот на Македонија произлегува дека процентот на другите немакедонски заедници е значаен затоа што од него произлегуваат бенефитите за нив. Пописот не се прави за да се одреди процентот на етничките малцинства, но нивното регистрирање им донесува поголеми придобивки. И затоа се настојува и се вршат притисоци врз Државниот завод за статистика и пописните комисии, за да се добијат плус придобивки.

Да не е така, нема зошто да се притиска Државниот завод за статистика, бидејќи и во други држави каде не постои Рамковен договор, етничките малцинства ги имаат основните права, културни установи, училишта.

Експертите се децидни дека нема ништо лошо во тоа да се бележи националната припадност, но да се попишува населението според јазикот кој го говори тоа е апсурд. Има семејства во Македонија, од т.н мешани бракови, кои имаат по два мајчини јазици, го говорат јазикот и на едниот и на другиот родител.

Албанското население е свесно за бенефитите што ги добива со Рамковниот договор и нивната процентуална застапеност во државата. На пример со малцинската квота за вработување. Затоа и инсистираат на овие бенефити и вршат политички притисоци пописот да се направи физички и по нивна мерка.

За експертите најдобар начин за спроведување на пописот е по електронски пат. Односно со вкрстување на податоци од матични книги на родени и умрени, базата во МВР, на Министерството за финансии, на труд и социјална политика, на Заводот за вработување, базата на ПИОМ и интегралниот граничен систем.

Вкрстување на овие податоци ќе ја даде вистинската слика и ќе се избегнат вакви проблеми.

Дополнително пописот е проблематичен и од процедурален аспект. Имено според директорот на статистика дека оваа година ќе се донесе закон за попис, додека во 2019 година, која патем е и изборна година ќе се спроведе пилот попис.

Ова е спротивно на европската практика, каде вообичаено се спроведува пилот попис, па по спроведениот пилот попис и воочените недостатоци на терен, се имплементираат и соодветни законски решенија во самиот закон за попис. Вака во ситуација кога самиот пилот попис ќе уследи по законот, нема да може во законот да се вметнат одредени законски решенија кои ќе се испостават како неопходни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This