СЕ СРЕТНАЛ СО АМБАСАДРОТ: Грците му се лyти на Чулев бидејќи во биографијата пишал Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Македонија во графата државјанство во биографијата на техничкиот министер Наќе Чулев била причината поради која тој е споменат во вербалната нота од Грција.

Министерот за надворешни работи во неделата извести дека добиле вербална нота од Грција за непочитување на Договорот од Преспа од страна на министрите за внатрешни работи и труд и социјала. За министерката за труд и социјала Димитров сугерираше разрешување ако не го поправи однесувањето, односно доколку не постави табла со уставното име на државата во Министерството, но не соопшти детали за причините поради кои во вербалната нота е споменат министерот Чулев.

Министерот Чулев вели дека веќе имал средби по вербалната нота.

Се сретнав со амбасадорот. Имаат забелешки на тоа што во мојата биографија сум пишал Република Македонија. Исто така, замериле што вчера во Охрид во канцеларијата каде што сме се појавиле имало стар амблем од Министерството, а истиот го има на многу места, рече министерот Чулев

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This