СЕ УКИНУВА КОНТРОЛНОТО ТЕЛО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ: Бришан простор за корупција и местење на тендери!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов ден, ново највено укинување од страна на министерот за финансии Тевдовски. Овој пат ќе се укинува Советот за јавни набавки кој според министерот не ги направил поедноставни процедурите за организиарање на јавните набавки, а контролните механизми не ги дале бараните резултати. Ваквото тврдење на Тевдовски е апсурд. Советот за јавни набавки беше формиран со една цел. Да се спречи директното влијание врз јавните набавки од трети страни како и да се воспостават нови критериуми освен “најниската“ цена. Ова значи дека државниот орган за било какво изменување треба да побара дозвола од Советот ако сака да смени нешто.

Ова укинување на мала врата ќе ја врати корупцијата, наместени тендери и ќе врати едно време кое сакаме да го заборавиме, време кога сите знаеа на кој начин и како се делеа државните тендери. Затоа и беше формиран советот, како контролен механизам и да се спречи самоволието на државните органи. Но ете на некој таму му текнало дека не треба да има контролен механизам за спречување на сите коруптивни и незаконски дејства. Кон каде ќе не одведе ова никој не знае.

Укинување на овој совет ќе значи и уште една работа дека државниите институции ќе изгубат дополнителна контрола ако се знае дека годишно се распишуваат стотици милиони евра народни пари за функционирањето на иституциите во државата. Вака на овој начин се отвараат нови можности околу злоупотреби на целиот тој процес а воедно се отвара можност за директно влијание, корупција како и напумпани цени.

Влијанието на советот за јавни набавки до сега играше голема улога во самиот систем за јавни набавки. Неговата значајност се гледаше пред се во издавањето на специфичните согласности за реализацијата на спечифичните јавни набавки како и во случаи на издавање на спефични согласности за реализација на јавни набавки во специфични услови.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This