УБИЕЦОТ БЛИЗОК ДО ВРУХШКАТА НА СДС: Кој пукаше во Мартин Јанушев, кој е мотивот и што значи судирот на двете криминални структури во СДС?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вооружен инцидент вечерва ја потресе јавноста, откако во еден од познатите скопски локали во општина Аеродром навидум без причина, беше застрелан Македонски фудбалер кој со пет куршуми во вратот и главата за среќа преживеал, но е во тешка здравствена состојба и во моментот се наоѓа на операција во една од приватните клиники во Скопје

 

Како што дознаваме, се работи за Мартин Јанушев фудбалер од Македонската лига, инаку брат на еден од командантите на единицата „Алфа“ поставен од страна на министерот Оливер Спасовски, кој во текот на летото имал кратко недоразбирање со напаѓачот.

Во полициските кругови веќе се шпекулира со името на извесен Раде, инаку ситен криминалец кој досега не фигурирал високо во криминалната евиденција на МВР, но со доаѓањето на СДС на власт и под заштита на Вице Заев прераснува во главна фигура за контролирање на подземјето и бизнисот со рекет.

Како што пишуваше и про-владиниот колумнист Сашо Ордановски, во Скопје во изминатиот период се појавиле рекетарски банди кои ги тероризирале скопските бизнисмени да прифатат „заштита“ од одредена агенција за обезбедување, во спротивно ќе им бидат запалени автомобилите или ќе им се случи нешто пострашно.

Во текот на ова лето, во една од познатите скопски дискотеки, помеѓу сега повредениот и напаѓачот дошло до кратка вербална и физичка пресметка, по која Јанушев го повикал својот брат кој како вработен во единицата „Алфи“ набрзо го смирил инцидентот, и го спровел напаѓачот во станица.
Шпекулациите меѓу полицијата се дека токму тоа лице е напаѓачот кој денес со пет куршуми за малку не го усмрти Мартин Јанушев.

Информациите одат дотаму дека напаѓачот, извесен Раде е под заштита на братот на Зоран Заев, Вице Заев кој го поставил ова лице на чело на агенцијата за обезбедување преку која се вршело рекет кај скопските бизнисмени.

Точниот мотив сеуште не го потврдуваат од МВР. Но повеќе за рекетарите под покровителство на Вице Заев можете да прочитате во сведоштвото на еден од припадниците на единицата „Алфа“ за тоа како функционира рекетарската шема организирана од Вице.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This