April 27, 2024, 10:55 pm

СЕ УРНА АВИОН: 71 патник загинаа во авионска несреќа во Непал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Авион се урна на меѓународниот аеродром во Катманду во Непал. Слики кои се појавија на сооцијалните мрежи покажуваат остатоците од авионот. Во авионот имало 71 патник.

Според најновите информации од официјалните лица на аеродромот, авионот превезувал 67 патници и 4 членови на екипажот. Вкупно 17 патници во авионот биле спасени, објави Ројтерс.

Телата на починатите биле извлечени од местото на несреќата, според изјава на официјални претставници пренесени од АФП. Според сведоците околу 20 тела со изгореници се пронајдени на местото на несреќата, објави Вион ТВ.

Авионот и припаѓа на авиокомпанија од Бангладеш “Бангла”, авионот патувал од Бангалдеш во Непал, и наводно слетала на источната страна на пистата на Меѓународниот аеродром Трибхуван.

Локалните новинари кои разговараа со ТВ “Вион” објавија дека авионот, кој патувал од Бангладеш во Непал, пробал да слета пред да се запали и да се урне во блиското фудбалско игралиште. Досега не се потврдени смртни случаи, но портпаролот на аеродромот претходно изјави за Катманду пост дека се очекуваат жртви. Аеродромот е затворен за сите пристигнувања и заминувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This