СЕ CKBEPHABИ ИСТОРИЈАТА: Албанските ултрacи jypишаат на скопските споменици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осквернавени споменикот на Гемиџиите во Скопје како и мермерниот споменик на Јустинијан I кои се наоѓаат близу Камениот мост. Натписот кој е испишан на овие споменици осамна и на пешачкиот „Мост на уметноста“ кој го поврзува кејот со Археолошкиот музеј и Уставниот суд.

На сите страни од постаментот на Јустинијан I со црвен спреј е испишаno „ТКЗ“, кратенка од „Tifozat Kuq e Zi “, црвено и црни фанови, познат како Албански клуб за поддржувачи на националниот фудбалски тим.

Истиот натпис со спреј е испишан и на постаментот на Споменикот на Гемиџиите, како и со црн спреј на „Мостот на уметноста“ од страната на „Кејот 13-ти Ноември“.

Ова е за прв пат да се испишат натписи на споменици од т.н проект Скопје 2014. Истата групација за квалификациите за Евро 2016, кој во Белград го играа Србија и Албанија, над стадионот летнаа беспилотно летало управувано со далечински управувач кое носеше знаме со мапа на Голема Албанија и Мала Србија и натпис ‘autochthonous’.

Обединетата група „ТКЗ“ е составена од повеќе навивачки групи на Албанци од регионот, кои заедно ја бодрат репрезентацијата на Албанија. Групата е формирана во 2003 година од различни поддржувачи и асоцијации од регионот, главно од Косово, а од Македонија главни поддржувачи се навивачката група „Балисти“ од Тетово и „Илирити“ од Куманово, како и од самата Албанија.

Навивачката група „Балисти“ кон крајот на минатата година предизвика бура реакции во јавноста кога на социјалните мрежи објави видео во кое се претставени навивачите на тетовска Шкендија, кои се познати по нивните националистички истапи во јавноста и главни поддржувачи на „ТКЗ“ во Македонија, а видеото беше спонзорирано од Министерството за култура на чело со тогашниот министер Асаф Адеми.

Во 2014 година Град Скопје ги презеде спомениците и фонтаните од општина Центар и секоја година на јавен повик избираше оператор кој се грижеше за нив и секој тендер го добиваше „Бетон“. Од јуни 2018 под изговор дека чини многу пари одржувањето го презема Град Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This