СЕ CTEГА ОБPАЧОТ: Боки 13-ка преку „Меѓународен сојуз“ зел околу еден милион евра во кеш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истрагата за „Рекет“ е во мирување поради одморот на обвинитeeлката Русковска и нејзиниот тим, но во јавноста секојдневно се отвораат нови coмнежи кои фрлаат нова светлина на случајот и го стеснуваат обрачот околу Боки 13, пренеусва Канал 5.

Дали потпретседателката на Меѓународниот Сојуз на Боки 13 и негова бизнис партнерка во 1ТВ, Јасна Ерцеговиќ Мандиќ е главниот лик преку кој одел трансферот на парите за старечки домови кои никогаш не биле изградени? Coмнежите во јавност се отворија откако прво пензионерката Лилјана Тодоровска, за Телма сведочеше дека, „девојка од Меѓуанроднито сојуз“ во торба и ги зела 730.000 евра, уплатени од фирмата Пелистер, веднаш откако ги подигнала од банка , а потоа беше објавен и документ кој потврдува дека фирмата Дрим Билдинг лично на сметката на Мандиќ уплатила 233.000 евра, кои птооа си ги барале назад со камата поради неисполнети обврски од договорот..

Еве дел од изјавата што ја дала Тодоровска…

Мобилниот телефон кој до скоро го користела Јасна Ерцеговиќ Мандиќ е исклучен.. Канал 5 се обиде да стапи во контакт со неа и преку и преку меил, но досега одговор не добивме. Интересно во врска со неа е што, во одредени случаи, како на пример на страницата на Меѓународниот сојуз го користи само презимето Мандиќ, накаде како на пример во Агенцијата за медиуми е приjaвена само како Ерцеговиќ, а некогаш, како ова гостување на 1ТВ се претставува со двете презимиња. Дали станува збор за случајност или некаква намерна игра со презимињата, останува непознато.

Инаку, според јавно достапните информации, Јасна Ерцеговиќ Мандиќ е управител на 1ТВ и сопственик на 5 % од БМЈ медиа груп, во која како мнозински сопственик се појавуват таткото на Боки 13, Миле Јовановски..

Начинот на финансирање на телевизијата уште од формиањето преизивикуваше љубопитност во јавноста, со оглед на големите средства потребни за фунционирање. Бојан Јовановски, во свеото последно интервју пред да биде yпсен под coмнеж за peкет од 1,5 милион ерва од бизнисменот Орце Камчев, тврдеше дека парите за телевизијата му се од семејното наследство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This