Силјановска Давкова го посети манастирот „Свети Ѓорѓија“ во Рајчица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова го посети манастирот „Свети Ѓорѓија“ во Рајчица.

При самата посета на самиот манастир Силјановска Давкова посочи дека тука владее необична енергија и мир, кои помагаат на луѓето во ова брзо време. Со самата посета на манастирот „Свети Ѓорѓија“ добила дополнителна сила за бит ка за праведна Македонија.

„Во сестринството во манастирот Свети Ѓорѓија во питорескната Рајчица поминав прекрасни моменти и научив многу за повеќе теми меѓу кои и за изработката на „Митрите“ што се изработуваат за високи црковни претставници. Мирот и енергијата кои што може да се доживеат во Рајчица ми дадоа дополнителна cила да ја продолжам бит ката за праведна Македонија“ – истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека Република Македонија изобилува со вакви убавини кои вредат да се посетат но и да се чуваат, бидејќи тие се нашето богаство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This