СИЛЈАНОВСКА МУ ГО ПЛЕСНА НА ВАСКО: Ајде вие Васко сменете една буква и бидете Раско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своето гостување на ТВ Алсат, проф. Силјаноска Давкова изјави: “Преспанскиот Договор има голем недостаток затоа што граѓаните не го поддржаа на референдум, а со пропаднат референдум ниедна власт нема основа да го менува Уставот. Премиерот Заев после неуспешниот референдум, доколку беше демократ, требаше да си поднесе оставка.“

На исистирањето на новинарот Васко Попетревски дека после носењето на Преспанскиот Договор сепак ништо многу не се сменило за државата, народот и земјата и дека никому ништо не фали и ништо не е сменето, професорката Силјаноска Давкова му одговори: “не е точно Васко, ајде еве сменете вие една буква од Вашето име и наместо Васко, бидете Раско“! Новинарот немаше коментар.

Доколку ми биде дадена довербата да бидам Претседател на државата, јас никогаш нема да употребам име Република Северна Македонија, полицијата може да ги мести таблите со новото име, но јас тоа наметнато име ќе го игнорирам, рече професорката Силјаноска Давкова.

-Доколку станам Претседател ќе отворам иницијатива за Уставот, бидејќи со ваков Устав како држава немаме функционална демократија, да се подобри балансот на начелото на поделба на власта, за да не биде власта концентрирана само во Премиерот. Како жена Претседател ќе иницирам правична и соодветна застепеност по родова линија, за повеќе жени во јавниот сектор. Ќе побарам и поголема надлежност за Уставниот Суд. Ќе побарам скратување на привилегиите на Претседателот после истекот на мандатот и ќе побарам скратување на бројот на министерствата во организацијата на владата. Ќе поканам и македонски и странски конституционалисти да дадат придонес во суштинско подобрување на уставот, истакна Силјановска

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This