СИЛЈАНОВСКА: Немаме право на гpeшка во меѓународната арена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дипломатската професија не е наградно патување за заслужни партиски кадри, туку лицето и гласот на државата и е од витално значење истите да бидат вистински професионалци, да имаат знаење и вештини, како и искуство во полето на воспоставување соработка со меѓународни организации и со други држави, вели професорката Силјановска за информациите според кои партиски апаратчици и политичари ќе заминат во нова дипломатска мисија во важни меѓународни центри.

“Во таа смисла, мора да им се даде шанса на најспособните и најквалитетните кадри да ја претставуваат државата, со нулта толеранција за непотизам, партиски и други влијанија во дипломатијата.

Ни треба целосна професионализација на дипломатската служба. Да се обезбеди соодветно образование и тренинг, услови за развој и размена како и зголемување на присуството и активностите на нашите дипломати во меѓународните организации.

Потребно е стратешки да се таргетираат земјите кои ни се важни по различен основ (политичка тежина, економска соработка, дијаспора итн.) и да се реорганизира мрежата и активностите на дипломатско-конзуларните претставништва низ светот.

Дипломатијата е клучна алатка за малите земји. Ние немаме никаков простор за грешка во играта на меѓународната сцена. Секој влог во дипломатијата се враќа неколкукратно за земјата”, смета Силјановска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This